Американскиот производител на автомобили Ford Motor Co ќе престане да произведува поедини модели на автомобили во рамките на планираното реструктуирање на бизнисот, соопштија извори за The Times.
„Форд“ ќе престане да ги произведува моделите „Mondeo“, „Galaxy“ и „S-Max“ и ќе се фокусира на побогатите спортски автомобили, објави The Times. Исто така од компанијата планираат намалување на бројот на овластените дистрибутери.
Главниот извршен директор на „Форд“, Џим Хакет, во јули изјави дека планираат да потрошат 11 милијарди долари за реструктуирање на бизнисот во Европа. Фордовиот европски огранок го заврши вториот квартал со загуба од 73 милиони долари, а дополнителни проблеми им поставува и Брегзит, пишува весникот.
Аналитичарите на Morgan Stanley оценуваат дека „Форд“ може да отпушти дури 24.000 работници или 12 отсто од вкупно над 200.000 свои работници и дека отказите ќе бидат најмногу концентрирани во Европа.