Скопјанка била прободена со нож од сопругот, кој ја однел во болница, информираше МВР.
Според полицијата, во 4.10 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.
Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека вчера околу 20 часот на улицата Виничка при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди.
Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во болницата каде веднаш бил извршен оперативен зафат.
Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.