
Црногорскиот премиер Душкo Марковиќ изјави во понеделникот дека неговата вала уште не донела одлука дали Црна Гора ќе прифати имигранти од Сицилија на барање на Италиjа, и рече дека тоа може да биде познато во текот на седмицава.
„Во текот на оваа седмица за тоа ќе расправа Националната комисија, а владата врз основа на тоа ќе заземе јасен став и сигурно одговорно ќе се однесува кон ова прашање“, изјави Марковиќ за новинарите.
Италијанската влада во Подгорица го контактирало црногорското министерство за надворешни рабти за можното прифаќање на дел од 150-те преостанати имигранти од бродот „Дочоти“, но црногорските власти веќе повеќе од едена седмица уште не се изјаснија по ова барање.
Меѓутоа, Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Црна Гора, истакнува дека се поставува прашањето дали имигрантие сакаат да дојдат во Црна Гора и во неа да останат, бидејќи тие не ја гледаат оваа држаа како своја крајна дестинација. Може да се очекува дека имиргантите, доколку Подгорица и ги прифати од Италија, веднаш ќе побараат друг начин да стасаат до западна Европа. Од IOM велат дека прифаќањето на одреден број имигранти од Италија не би претставувало оптоварување за Црна Гора, имајќи предвид дека оваа држава секојдневно прифаќа имигранти и засега немало поголеми проблеми.
„Имајќи предвид дека досега имигрантите беа само минувачи во транзит низ Црна Гора и дека само без поголеми проблеми им осигурувавме сместување за 200 до 250 имигранти, мислам дека и некој поблаг пораст не би предизвикал особен проблеми“, оцени шефицата на Канцеларијата на IOM во Подгорица, Душица Живковиќ. Оцени притоа дека црногорските власти досега имале „многу прифесионален и хуман“ пристап кон имигрантите.
Бродот „Дичоти“ кој од несигурните пловила собрал вкупно 190 имигранти во Средоземјето на 16-ти август вплови во сицилијанското пристаниште Катанија, но италијанската влада одби да дозволи да се истоварат на италијанска територија, се’ додека другите земји од ЕУ не се согласат да ги примат, освен на оние кои им беше неопходна лекараска помош и поради соменвање за зараза. Имигрантите можеа да се истоварат минатата седмица кога Католичката црква во Италија се согласи да прими околу 130 баратели на азил, најмногу од Еритреа, а Албанија и Ирска објавија дека ќе примат по околу дваесетина од нив.
Во италијанските пристанишата последните години пристигнаа стотици илјади имигранти, и новата влада којашто ја сочинуваат крајно десната евроскептична и противдосленичка партија Лига и еврокспетичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди сега бара од Европската унија имигрантие рамномерно да ги прифатат и другите земји членнки. Од 2014 година Италија примила повеќе од 640.000 имигранти, а во моментов во нејзините центри за нивно прифаќање има над 170.000, главно од Африка.