Најмалку пет луѓе загинале и уште 15 се повредени во понеделникот на северот од Шпанија во несреќа кога автобус се забил во столб од мост, јавија локалните власти.
Несреќата се случила во Авилес, дваесетина километри од Хихон. Петте жртви се патници во автобусот, рекол портпаролот на владата на покраината Астурија. Возачот на автобусот е тешко повреден.
Автобусот се залетал во столб од надвозник од засега неутврдени причини, појаснила портпаролката на службата за итни случаи. Несреќата се случила во време на добра видливост, кон средината на денот.
Снимките прикажуваат дека предниот дел од автобусот е силно забиен во столбот преполовен од ударот.
Медиумите потсетуваат дека во март 2016 година во Каталонија во автобуска несреќата, една од ретките во Шпанија, загинаа тринаесет странски студенти.