
Кога е во прашање вкусот на мажите, не може да се најде НЗС околу тоа што тие најчесто ценат кај една жена, но еве еден обид да се долови размислувањето на група мажи и нивните критериуми за тоа што е секси кај една жена.
Таа е разиграна
Жените кои се преозбилни не се секси. постои нешто во жената која е доволно сигурна во себе да биде весела, флертува, а не се грижи дали со тоа ќе ја ризикува својата репутација. Всушност, мажите тврдат дека разиграноста кај една жена е знак на зрелост – таа го сака животот и не се плаши тоа да го покаже. Секако, не би требало да го мешаме „веселото“ со „глупавото“ однесување: жените кои од себе прават кловнови поради внимание се – вознемирувачки.
Таа е прекрасна
За да нема недоразбирања, еве некои од најчестите одговори на мажите околу тоа што за нив значи терминот „прекрасна жена“:
-носи фустани кои и` ласкаат на нејзината фигура
-се труди да се дотера
-важно и` е како мажите ја доживуваат, дури и како крајниот резултат е многу лежерен и едноставен.
За сексот размислува како возрасна личност
Некои мажи немаат проблем да причекаат колку што треба. На некои им е неопходно да ја пробаат својата дама што побргу. Но, сите мажи сакаат жена која не се плаши да зборува отворено за сексот кога е вистинското време за тоа.
Ги сака и разбира мажите
Можеби ќе кажете: Епа, нели сите жени кои излегуваат со мажи ги сакаат мажите?“. Не, според доста мажи. Жените кои знаат како мажите функционираат и ги сакаат покрај сè, се многу секси за појакиот пол. Постои нешто во жената која го опшута мажот и му дава слобода да се занимава со своите пасии, кои ја прават многу неодолива.
Таа е нежна
Тешко е да се прецени влијанието на физичката врска за повеќето луѓе. Жената која го разбира ова и слободно ја покажува својата наклонетост кон мажот, е многу секси за нејзиниот партнер.
Таа знае како да каже „благодарам“
Без оглед на својата лична политика, почетокот на една врска за повеќето мажи е времето кога мора да потрошат еден куп пари и во недоглед да планираат организација на интересни места на кои ќе ја одведат својата дама. Затоа мажите особено ја вреднуваат жената која знае да каже: „Вечерва беше фантастична“, а навистина да го цени нивниот труд. Жената која знае да му покаже благодарност на мажот му праќа сигнал „Ти знаеш како да ме направиш среќна“, што е една од примарните компоненти на привлечноста.