Кривична за скопјанецот што ја прободе сопругата со нож

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.А.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство”, казниво по член 123 став 2, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според полицијата, на 02.09.2018 година околу 20.00 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга П.В.(52), пријавениот со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот. Бидејќи П.В. многу крварела, околу 02.30 часот на 03.09.2018 година, пријавениот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.