Јапонскиот гигант повлекува милион хибридни возила поради технички проблеми

Јапонскиот автомобилски гигант „Toyota“ најави во средата дека ќе повлече повеќе од милион хибридни возила ширум светот поради проблем со електричните жици кои би можеле да предизвикаат пожар во возилото.

Поради безбедносни проверки ќе бидат повлечени околу 1,03 милиони автомобили од марките „приус“, „приус ПХВ“ и „Ц-ХР“, произведени во периодот од јуни 2015 до мај 2018 години, известуваат од јапонската компанија. Од наведените вкупни бројки, 554.000 ќе бидат повлечени во Јапонија, 219.000 во Европа, а 217.000 во Северна Америка.

„Постои можност од краток спој… на електричните жици и создавање високи температури при нивното трошење поврзано со вибрациите во возење. Тоа во најлош случај може да предизвика пожар во возилото“, се наведува во документот кој од „Toyotа“ е доставен до јапонското министерство за сообраќај.

Портпаролката на „Тoyotа“ за Јапонија изјавила за медиумите дека не ѝ се познати случаи на повреди во Јапонија поврзани со овој проблем. „Тешко е да се знае дали таков инцидент се случил и колку пати“, истакнала во изјавала за агенцијата AFP.

Од 1997 година Toyotа продала повеќе од 10 милиони хибридни возила, вклучително и оние од марката „приус“. Во 2016 година јапонскиот концерн најави повлекување на вкупно 3,37 милиони возила ширум светот поради проблемите со безбедносните перничиња и системот за управување за испуштање на испарувањето од горивата. Кога станува збор конкретно за марката „приус“, најголемото повлекување беше она од февруари 2014 година, кога беа повеќе од 1,9 милиони од овие автомобили.