Данскиот милијардер и изумител на судот призна дека го искасапил телото на новинарката во неговата подморница, но тврди дека не ја убил.
Тој признал дека го распарчил телото на шведската новинарка, која правела репортажа за неговиот живот, а потоа го расфрлал во морето во август 2017.
Милијардерот тврди дека Вал починала случајно од задушување на палубата на неговата подморница. Денеска во судот во Копенхаген почна жалбената постапка, а пресудата ќе биде донесена најдоцна до 14-ти септември. Мадсен во април беше осуден на казна доживотен затвор, а во мај побара намалување на казната.
Просечната казна за најтешки кривични дела во Данска е 15 години, а осуденикот може да побара ослободување по одлежани 12 години.
За обвинителите нема дилема дека Вал била убиена со претходно планирање од Мадсен, бидејќи на подморницата понел пила, нож, пластични вреќи и тегови, а во неговиот компјутер нашле видеа од измачување и декапитирање на жени.
Деловите на телото на 30-годишната новинарка биле наоѓани со денови во близина на пристаништето во Копенхаген.