Столтенберг пристигна во Скопје (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва допатува во Скопје, во пресрет на референдумот закажан за 30 септември.

На скопскиот аеродром Столтенберг беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Генералниот секретар на НАТО утре ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Сoбранието Талат Џафери, а првиот човек на НАТО треба да има средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба.