Весељи: Ако одлучиме, Вучиќ нема да влезе на Косово

Претседателот на собранието на Косово Кадри Весељи изјави дека е можно да не биде дозволено претседателот на Србија Александар Вучиќ да влезе на Косово.

Ако решиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе на Косово, изјави Весељи, а пренесуваат приштинските електронски медиуми.

Весељи кажа дека не знае дали Вучиќ ќе дојде на Косово, дека дале дозвола, но дека „со деструктивноста кон стабилноста на Косово“ тоа може да биде доведено во прашање.

Тој кажа дека не се знае дали Вучиќ ќе оди на езерото Газиводе и дека нема причина да оди таму.

Не сакам ова да биде дека сум повеќе или помалку патриот, сакам да направам консензус, како што направив во времето кога бевме против агресорот… Она за што размислуваме е состојбата на нашите сограѓани, тоа е она што го работиме со позицијата на нашата суверена и независна држава, со либерализацијата на визниот режим, со нашите меѓународни партнери. Во спротивно не би имало ваква ситуација, нога не може да му наштети на Косово, кажа Весељи.