
Авторот на филмот ,,Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, кој на невидено крена голема прашина во Македонија, во емисијата „Отворено“ на Алфа рече дека во случајот со неговиот филм, власта е порадикална од најлошите режими. Според него власта се фали со забранување на уметнички дела што е „Убер фашизам“.
Како министер за култура признава дека не го гледал уметничко дело, а зазема став за него? Мене тоа не ми влегува во глава, како да го каректеризирам сега ова, а е многу сериозно. Ова е толку опасно што не знам кај ќе стаса, вели Бојаџи.
Тој вели дека премиерот и министерот за култура издале лиценца за негово убивање со тоа што дале вакви изјави за неговото дело. Бојаџи смета дека Заев и Адеми се одговорни за неговиот живот и животот на неговото семејство.
https://www.youtube.com/watch?v=CGx6RK3Gg5U