Жена ограбила колонијална продавница

Жена ограбила колонијална продавница, завчера во скопското село Петровец, информираше МВР.

Кражбата вчера ја пријавила  Т.Т.(42) од Петровец. Според неа, претходниот ден во 18.45 часот во маркет на улица 1 во селото забележала непознато женско лице. Жената  од касата зела 14.000 денари, по што откако ја предупредила да ги врати парите, Т.Т. ја турнала. Непознатата вратила 4.000 денари и со возило кое ја чекало пред маркетот го напуштила местото на настанот одземајќи ги останатите 10.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.