Раперот Мек Милер пронајден мртов во својот дом

Раперот Мек Милер починал вчера во неговиот дом во Лос Анџелес, Калифорнија, а според американските медиуми, тој се предозирал со опојни супстанци.

Тој беше светла точка во светот за нашето семејство, пријателите и фановите“, рекоа членовите на семејството.

Мек Милер (26) беше роден како Малколм Џејмс Мекормик. Во текот на последната деценија тој беше еден од најуспешните независни артисти во хип-хоп индустријата, а неговото влијание се прошири и кон другите жанрови. Покрај како рапер, Милер беше познат и како продуцент и соработуваше со познати имиња на американската естрада. Неговиот последен албум, „Swimming“, излезе минатиот месец.

Во последните неколку години Мек Милер отворено зборуваше за неговата навика на користење опојни супстанци. Овој август тој беше уапсен во Лос Анџелес поради управување со автомобил под дејство на дрога.

Мек Милер ги посвети неговите два последни албуми на врската со пејачката Аријана Гранде со која ја раскина врската во мај годинава.  Албумот „The Divine Feminine“ од 2016 година беше посветен на почетокот на нивната врска, додека „Swimming“ од оваа година беше посветен на нивната разделба.

Навистина не би сакал цело време да чувствувам само среќа. Но не сакам и да чувствувам само тага, не сакам да бидам во депресија. Сакам лоши денови и сакам добри денови, изјави Мек Милер неодамна за магазинот Vulture.

По веста за смртта на раперот, фановите наа Мек Милер масовно ја обвинија Гранде дека е виновна за неговата смрт.