
Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев, истакна дека се надева дека Македонија што побрзо ќе стане дел од семејството на ЕУ и НАТО.
Ви го честитам Денот на независноста. Се радувам што 25 години имаме дипломатски односи кои се интензивни, пријателски и успешни. Околу 100.000 граѓани од Македонија живеат во Германија кои се мост меѓу двете земји. Уште поважни се економските врски, 3,5 милијарди евра тровска размена, имаме стопанска комора што покажува дека Германиците имаат доверба во Вас и во вашата земја. Ние сакаме да имаме уште поинтензивна врска , изјави Меркел.
Според неа, со Заев зборувале за можноста за отварање на вратите во евроатлантското семејство за Македонија.
Потребно е уште многу работа, но предусловот е да имате успешен референдум. Не сакам да се мешам во вашата одлуката, но ова е историска шанса. На 30 септември не останувајте дома на тој историски ден, искористете ја вашата шанса. 30-ти септември е уште еден ден клучен за вашата иднина, рече Меркел.
Таа на прашањето на новинарите за заканите од ЕУ дека Македонија ќе биде изолирана ако не успее референдумот, одговори дека не станува збор за никави закани, но дека приемот во НАТО и ЕУ е поврзан со решавање на проблемот со името.