
На речиси секој втор надвозник на потегот од краците до Евзони оптегнати се пароли „Македонија е Грција“ (Macedonia is Greece), веројатно остаток од саботниот митинг во Солун, на кој стандардно се истакна дека „Македонија е грчка“, објави порталот МКД.МК
Иако смисловно неточна (што знае грчки националист што е придавка), пораката на паролите веројатно е истата од митингот и служи да им ги избрише на северните пријатели спомените од убавите плажи и прекрасната храна, и да ги испрати дома со горчина, пишува порталот.