Момче и девојка нападнати во Аеродром

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 9.30 часот, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 3 часот во млечен ресторан на булевар Јане Сандански тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица.

По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец.