Албанците на 30 септември нема да дозволат пак да се воспостави ѕид што ќе ги дели

„Алијансата на Албанците“ е „ЗА“ НАТО и Европската унија, а претседателот Зијадин Села го повика членството на партијата да гласа на референдумот, кога треба да се одлучи за перспективата и за иднината на државата.

На 30 септември Албанците нема да дозволат повторно да се воспостави ѕид што ќе ги дели Албанците кои живеат на Балканот на две различни страни, како што беше во период од над 50 години за време на комунизмот, потенцираше Села.

Тој ги повика сите да гласаат на референдумот и да дадат поддршка.

Цената за зачленување на Македонија во НАТО не треба да биде корупцијата, цената за зачленување на Македонија во НАТО треба да биде транспарентноста, треба да биде честа и треба да биде градењето на иднината. Има алтернатива за се, само за една работа нема алтернатива, а тоа е НАТО и Унијата, нагласи Села.

Тој, по повод започнувањето на кампањата за референдумот, наведе дека во претстојниот период ќе се одржуваат дебати со граѓаните со цел да си го кажат мислењето, како и дека ќе им се објаснат сите придобивки на сите они кои се со скептичен став.от