Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, мисли дека процесот на ратификација може да заврши во првата половина на 2019 година и тогаш да се потпише протоколот за интегрирање на Македонија во Алијансата.
Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ тој дополни дека сè зависи од тоа кога во Македонија ќе финализираат уставните промени, но при неговата посета на Скопје пред неколку дена било посочено дека тоа може да заврши во почетокот на 2019 година, а веднаш потоа може да се потпише и протоколот за членство.
Според Норвежанецот, договорот од Преспа е компромис, а компромисите секогаш се болни, но од друга страна, „алтернативата за сожителство со еден спор за името, кој ја блокира и ја излора земјата од меѓународната јавност, е лоша за сите“.
Прашан што би се случило ако договорот помине во Македонија, но не и во Грција, поради ставовите на владиниот коалициски партнер Панос Каменос и на лидерот на Нова демократија, Столтенберг одговори дека тоа би ја ставило во опасност довербата во Грција.