Познати фирми на „црната листа“ на УЈП

Граѓани и фирми го трупаат долгот кон Управата за јавни приходи (УЈП)

Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица за долгови доспеани до  31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година  по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра.

Милионски долгови имаат и Комуналец од Гостивар, Хедис, 11 Октомври Еурокомпозит.

Но должници се и јавни и комунални претпријатија. Македонија пат должи на пример 336.7 милиони денари

Целата листа должници на УЈП погледнете ја овде.