
Полицијата открила десет мигранти во автомобил на скопјанец, утрово во Гевгелија, информираше МВР.
Според полицијата, околу 1 часот на булевар Гевгелија во Гевгелија, поради редовна контрола полициска патрола сопрела автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот на возилото биле откриени десет мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан.
Возачот побегнал, но по кратко време бил лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф.(35) од скопско Студеничани.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“-железнички премин за понатамошна постапка.