Поранешниот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Јоан Лапорта призна дека се уште не му е јасно како клупските челници не го решиле големиот проблем околу новиот договор на најголемата ѕвезда на “Ноу Камп”, аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси.
Преговорите околу новиот договор траат веќе неколку месеци, а се погласни се шпекулациите дека Меси ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок.
“Јас сум во шок, целата ситуација околу новиот договор на Меси е шокантна. Не ми е јасно како се уште не е решен овој голем проблем кој мора да е приоритет за клупските челници. Да бев јас претседател на Барселона, Меси ќе потпишеше доживотен договор со каталонскиот клуб”, изјави Лапорта.