
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е затворен и за летови и слетувања, откако се запалиле гумите на египетски авион на кој му се блокирале тркалата откако слетал. Во инцидентот нема повредени.
Станува збор за транспортен авион на „Египтер“.
Како што дознава “Блиц”, аеродромот “Никола Тесла” прави максимални напори за да ја врати пситата во нормална состојба, но заминувањето на авионот зависи од техничките способности и состојбата на авионот.
Четири летови поради инцидентот беа пренасочени кој Ларнака, Букурешт, Скопје и Солун.