Ловци на американските воздухопловни сили пресретнале два руски стратешки бомбардера кои може да понесат проектили со нуклеарни боеви глави во близина нa Aлјаска, соопшти Севerноамериканската комаnда за воздушна и космичка одбрана (NORAD).
Пресретнувањето се случило на 11-ти септември, кога американските воздухопловни сили кренале два авиона од типот „F-22 Raptor“ кои ги приружувале двата руски бомбардера „ТУ-95“ покрај американскиот воздушен простор. Како што соопшти NORAD, два авиона од типот „Сухој Су-35“, биле во придружба на руските бомбардери.
Руските пилоти летале западно од копното на Алјаска, но „во ниеден момент не навлегоа во американскиот или канадскиот воздушен простор“, се истакнува во соопштението. „Руските авиони останаа во меѓународниот воздушен простор, и беа пресретнати откако летаа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на САД“ којашто се протега на околу 200 милији од западниот брег на Алјаска, велат од NORAD.
Тоа претпоставува дека руските бомбардери имале вклучено транспондери за идентификација, што не е случај во многу прилики кога американски разузнавачки или борбени авиони се приближуваат кон руските граници.
Претходно во средата руското министерство за одбрана и армијата објавија на Twitter неколку бомбардери од типот „ТУ-95“, познати и како „Мечка“ и неколку борбени авиони кои полетале од воздухопловна база во источна Русија.
Ова е вторпат во септември американските воздухопловни сили да испраќаат авиони „F-22 Raptor“ да придружуваат руски бомбардери на брегот на Алјаска. Претходната ваква „средба“ се случи јужно од Алеутските Остртови на 1-ви септември, но тогаш руските бомбардери „ТУ-95“ не биле придружувани од руски борбени авиони. Сличен инцидент со два руски стратешки бомбардери со долг лет бил регистриран во мај на 55 милији до запаниот брег на Алјаска, но во ниеден случај леталата не навлегле во американскиот воздушен простор, пренесува Fox News.
Последната блиска средба на борбени летала на двете воени суперсили се случува во периодот кога Русија ја започна својата најголема воена вежба по 1981 година, наречена „Исток“, во којашто според министерството за одбрана се влучени околу 300.000 војници и над 1.000 авиони.
Покрај тоа, САД претходно седмицата одбија во рамките на меѓународниот Договор за отворено небо (Open Skies Treaty – OST), да издадат дозвола за руски авион за рутински инспекциски лет. Како што објави руската новинска агенција ТАСС, станувало збор за авионот за набљудување и разузнавње од типот „ТУ-214ОН“ кој е опремен со руски дигитални уреди за набудување и бил прегледан од 72 експерти од 23 земји на договорoт OST и сите членки, освен САД, ја потврдиле усогласеноста на леталото со задачите на мисијата.
Според договорот OST 34-те земји потписнички можат да изведуваат легални воздушни набљудувачки летови над целата територија на некој земја од спогодбата, користејќи одредени типови авиони кои се подложни на контроли.
„Кршејќи ги одредбите од Договорот за отворено небо, шефот на американска делегација одби да го потпише конечниот документ, без да даден никакви објаснувња или причини и цитирајќи директни упатства од Вашингтон“, соопшти руското министерство за одбрана коешто инсистра САД да се продржуваат до договорот и бараат објаснување за овој чин.