
Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние денеска во касарната во Ѓорче Петров присуствуваа на завршната вежба за упад, спасување на заложници, неутрализирање на терористи и извлекување на ВИП личности при терористички напад.
Тројцата присуствуваа и на церемонијата на доделување сертификати на обуката ,,Тактики за интервенција на тимови за прв одговор – масовни убиства“, наменета за припадниците на ЕБР и ПЕП при МВР .
Обуката ја спроведоа француски обучувачи- експерти од оваа област од француските ЦРС – служби и истата е спроведена со активно учество на 20 претставници од ЕБР и ПЕП во периодот од 10 до 14 септември 2018 година.
Еден модул на повисоко ниво на истата обука е предвиден за 2019 година. По завршувањето на обуката сите учесници добија сертификати за учество и успешно завршување на истата.
Францускиот Амбасадор Тимоние на крајот од церемонијата на заменик министерот Нухиу му предаде опрема за алпинистичкиот тим на ЕСЗ од марката ПЕТЗЛ.