
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска на прес-конференција информираше дека за прв пат Град Скопје воведува внатрешна контрола која што во следните два месеци треба да изготви регистар на сите предмети кои се пристигнати во Градот, во чии рамки предметите ќе се категоризираат по тип и време на постапување.
„Целта на оваа активност е да се спречи закочувањето на постапките во Градот, и да се поштедат граѓаните од стресот и изгубеното време талкајќи по шалтери и канцеларии барајќи одговори за непостапувањето за нивните предмети. Определуваме категорија по специфична тежина за колку работни денови треба да биде сработен еден предмет. На пример, данокот на промет би се пресметувал за 5 дена, данокот за имот за 10 дена, лиценцата за такси возачи би се издавала за 30 дена“, рече градоначалникот Шилегов.