Американскиот претседател Доналд Трамп ги упатил своите соработници да продолжат со воведувањето на царини за доплнителни кинески производи во вредност од околу 200 милијади долари, изјавил извор запознаен со процесот и додал дека роковите сé уште не се познати.
Агенцијата Bloomberg претходн во петокот извести дека претседателот Доналд Трамп ќе оди и подалку со воведување на царините за производите од Кина и покрај обидите на министерот за финансии Стивен Мначин, повторно да се започнат преговори со Пекинг за прекинување на трговската војна. Веста веднаш се одрази на финансиските пазари и предизвикна пресврт во трендот на обврзниците на САД со кои се тргуваше по пониска цена.
„Царините на 200 милијарди долари вредни производи би можело многу наскоро да бидат воведен зависно од тоа што ќе се случи со нив, До одредена мера тоа зависи од Кина. Другите 267 милијади долари царини се спремни за итно спроведување, доколку сакам. Тоа ја менува равенката“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите минатата седмица.
Трамп веќе воведе царини на кинеските стоки во вредност од 50 милијарди долари.
САД минатата година извезле стоки во Кина во износ од 505 милијарди долари. Но увозот од Кина до крајот на јули се зголемил за релиси 9 отсто во однос на истиот период во 2017 година, според податоците на американското биро за статистика.
Кина, пак, порача дека, како и досега, на царините ќе одговори со царини. Трговската војна меѓу САД и Кина зајакна во август кога Вашингтон, во вториот крув, воведе 25-процентни царини на увоз на кинески стоки во износ од 16 милијарди долари. Царини беа наметнати и во јули за кинеските стоки вредн 34 милијарди доалри. Кона и во двата случаи воведе царини во еквивалентни вредности за американските стоки.