Вонредна состојба во Северна Каролина, ураганот Флоренс зеде седум жртви

Американскио претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина, каде тропската бура Флоренс усмрти седум луѓе, а предупредувањата велат дека најлошото се уште не поминало.

Меѓу загинатите се и мајка и бебе, откако дрво паднало врз нивната куќа во Вилмингтон, Северна Каролина. Таткото со повреди бил пренесен во болница. Една жена загинала во областа Пендер, северно од Вилмингтон. Таа останала заглавена откако куќата ѝ се преплавила со вода. Во ураганот загинале и двајца повозрасни луѓе во областа Ленор. Едниот загинал од струен удар, а другиот бил пронајден мртво пред неговиот дом.

Близу 800.000 дпмови и компании во Северна Каролина останале без струја, соопштија властите.
Ураганот загуби на сила додека се приближувал кон Северна и Јужна Каролина, но официјалните лица продолжуваат да предупредуваат дека Флоренс може да земе голем број на човечки жртви и дека постои ризик од поплава со катастрофални размери.

Метеоролозите предупредуваат дека вечерва е можна појава на торнада во делови од Северна и Јужна Каролина. За денеска се откажани близу 2 100 летови, а 11 милиони луѓе се во опасност од ураганот.