Судијката Гошева предлага Уставниот суд времено да ги стопира сите активности за референдумот

Судијката Елена Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка – стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Според истите извори, Гошева е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум и таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка.

Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес.