Челничката на француската крајна десница Марин Лепен ја критикуваше во неделата „лудата имиграциска политика“ на Европската унија којашто „послушно ја спроведува“ францускиот претседател Емануел Макрон.
Пред околу илјада приврзаници во театарот во Фрежус, град во кој партијата Национален собир (RN, поранешната Национален форнт) е на власт, нејзината претседателка Марин Лепен ја критикуваше „владината послушност кон Бирисел и неговата луда имиграциска политика“.
„Денес префектите (претставници на државата во локалната власт – з.р.) се занимаваат само со една работа, со доселувањето на имигрантите“, оцени во обраќањето Лепен, којашто започна со организирање собири во пресрет на почетокот на кампањата за европските избори следната пролет.
„Оваа луда политика, којашто ги лути повеќето Франузи, обилно се финансира, а за бездомниците никогаш нема пари“, истакна пратеничката од Па-де-Кале.
„Никогаш во во историјата не сме доживеале некој народ доброволно да организира неповратно потопување на својата територија, некој народ свесно да работи на уништувњето на своите социјални фондови, да планира оспорување на својата култура и така да се подготвува за исчезнување на својот идентитет“, истакна.
Инсистирајќи на прашањето на нелегалните имиграции, Лепен вети дека Нацоналниот собир нема да дозволи бродот „Аквариус“ (брод на невладини организации кому во Италија му е забрането повеќе да пристанува), никогаш повеќе да не се вкотви на францускиот брег, алудирајќи на одуката на нејзиниот партнер во Италија, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, челник на крајната десна партија Лига, Матео Салвини од јуни годинава да ги затвори италијанските пристаништа за невладините организации кои до европските брегови пренесуваат имигранти претежно од Африка.
Лепен, којашто беше поразена во вториот круг од претседателските избори во 2017 година благодарјќи на сојузот на сите конзервативни и леви опции против неа, го критикуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, за кој рече дека „не го симболизира почетокот на циклусот, туку неговиот крај“.
„Несакајќи да го признае поразот на глобализацијата којашто толку ја бранеше и воздигнуваше, упорно останува на своето и дури го забрзува распадот… Нема вистинска визија, тапка во темнината“, рече Лепен.