
И најновите анализи укажуваат на тоа дека и оваа недела ќе ни помине во знакот на стабилно, суво и сончево време, иако повремено ќе има и умерена облачност, информира метеорологот Славчо Попоски.
Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината (дури за околу 7 до 8 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
И понатаму ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент 6 па така граѓаните сеуште доколку излегуваат со себе би било убаво да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце.
Уживајте во прекрасното време.