
Тетовец бил повреден по сообраќајка со куче, вчера на автопатот Скопје- Тетово, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 22.30 часот во близина на клучката за Желино. Тогаш автомобил „ауди А4“ управуван од Б.К.(42) од село Ларце удрил и усмртил куче-бездомник, кое неконтролирано се движело по коловозот.
Притоа, тешки телесни добил сопатникот С.К.(25), кој по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, со медицинско возило бил префрлен на скопските клиники. Извршен е увид на местото.