(ВИДЕО) Русија го утврди бројот на ракетата со која е соборен малезискиот авион над Донбас

Министерството за одбрана на Русија го утврди серискиот фабрички број на проектилот со кој во летото 2014 година е соборен малезискиот патнички авион над југоисточните побунети украински рускојазични региони кога загинаа си 298 патници и членови на екипажот а за што Западот ја обвинува Москва, и таа припаѓа на Украина, изјави на прес-конференција во понеделникот началникот на ракетно-артилерискиот оддел, генерал-полковникот Николај Паршин.

Според него, на фрагментите од ракетата прикажани од страна на меѓународната Заедничка истражна група биле прикажани броевите на трупот и моторот. „Знаејќи ги сериските броеви на млазницата и на моторот, стана можно да се утврди и бројот на рекетата“, изјавил Паршин кого го цитира агенцијата ТАСС.

Ракетата била направена во 1986 во фабриката во Долгопрудни, по што била испратена во воена единица којашто била распоредена на територијата на Украина, и од тогаш никогаш не била вратена на територијата на Русија.

„Во архивите на Институтот за истражување и испитувања во Долгопрудни е истражуван документот кој овозможува точно да се определи ракетниот број. Датумот на изградбата на ракетата е 24-ти декември 1986 година. Ракетата на 19-ти декември 1986-та била со железнички транспорт распределена во воедната единица 20/152. Нејзиното вистинско именување е 223-та противавионска ракетна бригада. Влегувала во составот на Карпатскиот воен округ и била распореена во Тернополската област на тогашната Украинска ССР“, додал Паршин.

Генералот додал дека спомнатата бригада „по распадот на Советскиот сојуз на територијата на Руската Федерација не влегувала и била вклучена во составот на Вооружените сили на Украина“.

„Во моментов оваа воена единица е стационирана во регионот на Л’вов. Треба да се истакне дека единицата од 223-от противавионски полк од почетокот на 2014 година е присоедината на ткн антитерористичката операција на териториите на Донецката и Луганската област во Украина“, истакнал Паршин.

Додал дека борбениот број (кој е и број на телото истакнат на опашката на ракетата 9Н38 на противвоздушниот ракетен систем ‘Бук’, со кој е соборен Boing 777, бил утврден од експерите според бројот на моротот (8 86 90 32) и блокот на млазницата (8 30 113), што е докажано од истрана на истражната група.

Официјалниот портпарол на руското министерство за одбрана генерал-мајорот Игор Комашенков изјавил дека министерството поседува аудио-снимка којашто го докажува учеството на Украина во уривањето на малезиснкиот патнички авион. Според него, разговорот меѓу украинските воени лица на снимката е воден во Одеската област во 2016 година во време на воената вежба „Граница-2016“ и бил објавен во украинските медиуми.

„Ако е така (…) уште еден малезиски Boeing“, рекол еден од војниците во разговорот емитуван пред новинарите.

Според Конашенков „резултатите од истрагата јасно укажуваат на тоа дека гласот му припаѓа на полковникот на Вооружените сили на Украина, Гринчак Руслан Николаевич. „Станува збор за државјанинна Украина и во моментов е на должноста прв заменик во командата Запад на украинската армија. Во јули во 2014 година Гринчак бил командант на 164-та радиотехничка бригада на противвоздушната одбрана на украинските вооружени сили, во воената единица А1451. Во јули 2014 година оваа единица била распоредувана во Харковска, Семската, Полтавската, Днепропетровската, Донецката, Луганската и Запорошката област извршувајќи контрола на состојбите во воздухопловството, вклучително и на југоистокот од Украина“, рекол генералот.

Конашенков истакнал дека маршрутата на „Boeing“-от минувала низ зоната којашто ја покривале радарите на споменатата украинска единица. „Со други зборови, Гринчак во согласност со должноста а бил командант на противракетните единици во зоната на ткн антитерористичка операција“, истканал првиот портпарол на руското министерство за одбрана.

Според Конашенков, министерството утврдило, исто така, дека се фалсификувани снимките од наводното преместување од противракетниот систем „Бук“ од руска на украинска територија кои се доставени до Задничката истражна група. Според него, руските експерти дошле до овој заклучок по подробното испитување на снимките, а потоа детално презентирал пред новинарите докази за тврдењето за фалсификување на снимките. Притоа истакнал дека на тоа укажува и самата траса по којашто наводно се движел „Бук“-от на украинска територија.

Според Конашенков, Украина самата докажала дека системот „Бук“ не можел да дојде до проруските полиции во Донецк и Луганск, како и дека Москва не поседува информации дека украинските бунтовнции заплениле ваков противракетен систем или ракети со кои е снабден, што го потврдил и Киев.

Сиве овие информации ќе бидат испратени до холандското обинителство коешто ја води истрагата за уривањето на малезискиот авион. „Сите документи ќе ѝ бидат предадени на украинската страна. Би сакале Заедничката истражна група не само да ги прими овие податоци, туку и да ги користи во својата работа“, изјавил Конашенков.