САД со нови царини за кинески производи

Соединетите Држави воведуваат царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари што претставува нова ескалација на трговската војна со Пекинг.

Повисоките давачки за увоз ќе се применуваат на скоро 6.000 производи, вклучувајќи чанти, ориз и текстил.

Овој потег уследи по претходната одмазда од страна на Кина, која ја oцарини американска соја, како и други земјоделски производи како одговор на првичното наметнување на тарифите на САД. Новите царини ќе стапат во сила од 24 септември, почнувајќи од 10 насто и ќе се зголемат на 25 отсто во следната година, освен ако двете земји не постигнат договор.