Американска двојка дрогирала и силувала стотици жени?

Познат хирург од Њупорт Бич во Калифорнија и неговата девојка се уапсени поради дрогирање и силување две жени. Но, тоа би можел да биде само врвот на сантата мраз бидејќи калифорниските власти веруваат дека вистинската бројка на нивни жртви би можела да биде далеку поголема.

Грант Вилијам Робишо (38) и Сериса Лора Рајли (31) се обвинети за силување со помош на дрога, орален секс со помош на анестезија или контролирана супстанца, напад со намера за извршување сексуален напад, поседување контролирани супстанци за продажба и нелегално поседување огнено оружје.

Главната причина поради која истражителите се сомневаат дека нивните жртви не се само двете во низа е она што го нашле во мобилниот телефон на Робишо: стотици снимки од онесвестени жени, кои очигледно не можеле да се согласат на секс, пренесува Си-ен-ен.

Врз основа на овие докази веруваме дека постојат многу неидентификувани жртви“, изјави обвинителот на Оринџ каунти округот Тони Рокакас. Иако се најдени повеќе од 1.000 снимки, Рокакас не кажа дали на нив се истите или различни жени. На снимките се гледаат и Робишо и Рајли.

Адвокатите на обвинетата двојка изјавија дека тие двајца ги негираат обвинувањата за присилен секс и дека тие обвинувања се штетни за вистинските жртви на силување. Но, според јавното обвинителство Рајли и Робишо сретнале 32-годишна жена во ресторан во Њупорт Бич во април 2016, ја поканиле на забава, каде ја нападнале и ја дрогирале, ја однеле во својот стан и ја силувале.

Целиот инцидент е снимен со мобилен телефон. Жртвата следниот ден отишла во полиција и во крвта ѝ биле најдени траги од различни дроги.

Шест месеци подоцна, друга жена исто така наводно била силувана откако со нив се напила во бар. Како шти ѝ кажала на полицијата, се разбудила во нивниот стан и викнала помош сѐ додека сосед не викнал полиција.

Можно е двојката да силувала и жртви надвор од Калифорнија бидејќи патувале на фестибало Брнинг мен во Невада. Државното обвинителство ги повика сите можни жртви да се јават во полиција.

Веруваме дека обвинетите ги користеле своите добар изглед и шармот за да ги смалат инхибициите на потенцијалниот плен, кажа Рокакас.

Иако истражителите сакаат да разговараат и со пациентите на хирургот, ништо не упатува дека меѓу нив имало жртви на силувачката двојка.