
Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, ќе биде кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмски работници.
Одлуката која е прифатена и одобрена од Америанската акдемиј за подвижни слики, ја донесе комисија во состав: во состав: Игор Иванов – режисер, Ирена Ристиќ-актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски-лиовен уметник, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“, во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Дрштвото на филмски работници на Македонија.