Мистериозен мирис испразни зграда во „Скопјанка“

Полицијата и противожарната единица чекаат специјална опрема за да влезат во еден од влезовите во „Скопјанка“ каде жителите се евакуирани поради мирис кој се шири од внатрешноста и да откријат за што станува збор.
Во моментов противпожарно возило и полициски екипи се пред влезот и не пуштаат никого внатре по пријава на станарите дека почувствувале мирис и печење на очи.

Станарите со мокри крпи и пешкири на устата излегуваат од своите живеалишта. Полицајците и пожарникарите со гас-маски им помагаат на станарите.

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше
испратена екипа. Поради остриот мирис започната е евакуација на луѓето, со помош на гас-маски. Чекаме
да дојде инспектор од животна средина и од институтот за јавно здравје, за да се утварди дали е безбедно
враќање во зградата, изјави командантот на Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски.
Тој рече дека не се забележани остатоци од течност или било што оставено во влезот. Во инцидентот
нема повредени.