
На денешната прес конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше запрашан околу статусите кои на социјалните мрежи ги објавија пратеници од опозициската партија дека нема да поддржат измени во Уставот.
Тој баша запрашан дали тоа е организиран став на партијата и дали се противи на ставот на Мицкоски кој кажал дека ќе поддржи уставни измени ако граѓаните се изјаснат позитивно на референдумот.
-Не мислам дека ставот на пратениците се противи на ставот на претседателот на партијата. Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле дел од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како вибрација од граѓаните и сакаат да го пренесат и тоа е апсолутно за почит, изјави Николоски.