
Триесет и деветгодишниот Хрват Денис Дековиќ кој живее во Портланд дизајнира копачки за Нејмар, Роналдо и Модриќ!
Денис, кој е роден во Пореч отсекогаш сакал да црта, а сега дизајнира копачки за најголемите фудбалски ѕвезди. Негов потпис ќе носат копачките што на на 12 јуни на отворањето на СП во Бразил ќе ги носат Нејмар и Лука Модриќ. Иако многу време минува со големите имиња, Хрватот открива дека фаворит, сепак му е Нејмар.