Синоќа околу 01.00 часот по полноќ неколку маскирани лица со безбол палки ги нападнале Д.Ф.(1993) иМ.Д.(1989) без никаков повод на улицатата „Џумајска“ број 9.
При нападот оштетено е и возило од марката „бмв“ со скопски таблички.
Веднаш по нападот лицата се разбегале, а додека го вршеле нападот не проговориле ништо.
Нападнатите се пренесени во болница каде им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.