Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ разговараше со американскиот сенатор Рон Џонсон, претседавачот со Комитетот за национална безбедност за Европа на Сенатот.
Таа кажа дека својата посета на САД и учеството во дискусијата на Генералното собрание на ОН ќе ги искористи за во средби со светските лидери да им претстави што сѐ Србија направила со политичките и економски реформи.
Србија е посветена на стабилноста и ќе направиме сѐ за да ги сочуваме мирот и стабилноста во регионот, истакна српската премиерка.
Кога станува збор за разговорите меѓу Белград и Приштина, Брнабиќ особено истакна дека Приштина со своите постапки не придонесува на дијалогот и дека го отежнува наоѓањето решение.
Претседателката на српската влада ја предводи делегацијата на Србија на 73-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Таа ќе се обрати на Генералното собрание во четврток.