Три месеца затвор поради удар по задникот и забелешки за изгледот

Маж кој удрил девојка по задникот во автобус во близина на француската престолнина Париз добил три месеца затвр и, првпат според новиот закон, парична казна поради непристојни забелешки на сметка на нејзиниот изглед.

Мажот, кој во автобусот влегол во алкохолизирана состојба во време на најголемиот сообраќаен метеж, удрил 21-годишна девојка по задникот и навредливо ги коментирал нејзините гради, а потоа се спречкал со возачот на автобусот, кој ги затворил вратите и повикал полиција.

Судот во Еври, јужно од Париз, го осудил 30-годишниот маж на три месеца затвор поради сексуална агресија и казна од 300 евра поради навреди.

Станува збор за првата парична казна изречена според новиот француски закон со кој властите имаат намера токму да го спречат ваквото однесување во јавноста, коешто во Франција е доста често. Според законот, за тоа може да биде одредена казна и од дури 750 евра на самото место на настанот.