
Бројот на бебињата родени во САД со сифилис во последните четири години е удвоен и е најголемиот регистриран во изминатите 20 години, објави во вторникот американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), додавајќи дека е забележан вкупно пораст на сексусално преносливите заболувања.
Центарот известува дека бројот на случаите на конгенитален сифилис, кога болеста се пренесува од мајка на бебето, пораснал за 153 отсто меѓу 2013 и 2017 година, од 362 на 918 случаи.
Овој пораст, во CDC меѓу другото го припишуваат на неосоодветните превентнивни прегледи и на послабата пристапност до здравствената грижа, истакнувајќи дека третина од жените кои родиле бебе со сифилис се заразиле со ова заболување отккао лекарите ги тестирале на сифилис.
Ваквите случаи на сифилис имаат поголем ризик за спонтано пометнување, смрт на новороденчето и долгорочни здравствени последици. Сифилисот едноставно се лечи со антибиотици, дури и во текот на бременоста, но доколку не е лечен игледи шансите се дека во 80 отсто од случаевите жените ќе ја пренесат болеста на бебињата.
Зголемувањето на бројот на сексуално преносливиѕте болести кај американската попуалција во CDC го припишуваат на недостигот од освестеност за овие болести, незадоволителните превентивни преглеи и намалувањето на издвојувањето за јавното здравство.