Новинар од Алсат-М: Лична карта на македонски јазик не прифаќам!

Новинарот од Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата на Република Македонија бидејќи не била напишана на албански јазик.

-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напишал новинарот на социјалните мрежи.

Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор.

Извор: А1он.мк