
Иако имаа негатива од еден гол на крајот од првото полувреме, фудбалерите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн Минхен одиграа фантастично во вторите 45 минути и сосема заслужено со убедливи 5:2 го торпедираа гостинскиот тим на Вердер од Бремен.
Нови три бода на своето конто запишаа и фудбалерите на Мајнц, а репрезентативецот на Македонија, Николче Новески многу полесно од очекувано излезе како победник во сите дуели со напаѓачите на Нирнберг.
Без победник, 2:2, заврши саботниот дерби натпревар од 32. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу четвртопласираниот Баер од Леверкузен и второпласираната Борусија од Дортмунд.
Денеска ќе бидат одиграни последните два натпревара, а далеку поголемо внимание ќе привлече дуелот во Гелзенкирхен помеѓу екипите на Шалке и Борусија од Менхенгладбах.
Обврска да слават на тешкото гостување во Аугсбург имаат фудбалерите на Хамбургер кои само со освоените три бода ќе останат во игра за опстанок во елитното дтуштво.
Резултати: Баерн Минхен – Вердер 5:2, Волфсбург – Фрајбург 2:2, Мајнц – Нирнберг 2:0, Хофенхајм – Ајнтрахт 0:0, Херта – Брауншвајг 2:0, Леверкузен – Борусија Д. 2:2.