Голем пропуст се случи на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“ во Атина каде кошаркарите на „Фенербахче“ и „Макаби“ излегоа на теренот со жолта гарнитура на дресови.
Во натпреварот во кој гледачите во салата и тие пред телевизиските екрани мака мачеа да ги препознаат играчите, „Фенербахче“ го совлада „Макаби“ со 94:92.
Во вториот полуфинален меч, „Панатинаикос“ го победи „Химки“ со 90:63.