
Во Токио уште еднаш се одржа бизарниот традиционален натпревар во плачење на бебиња.
Учесниците мораат да ги расплачат бебињата за да победат.
Правилата се јасни: натпреварувачите ги држат децата и тоа што прво ќе заплаче, освојува поен за својот партнер – сумо борачот.
Настанот, кој се случува во Сенсоџи храмот во Јапонија има свои судии, кои во случаите кога има многу весели бебиња, понекогаш ги поттикнуваат солзите носејќи страшни маски.