Помпео ги повика колегите од Саудиска Арабија и Катар на преговори

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги собра во петокот во Њујорк колегите од арапските монархии во Персискиот залив кои се сојузнички на САД, меѓу кои и од Саудиска Арабија и Катар, без оглед на нивното несогласување.

„На сите нам во интерес ни е големата низа теми поврзани со безбеднсота“, им рекол американскиот државен секретар Мајк Помпео на министрите за надворешни работи на земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC), во кој учествуваат сунитските монархии, Саудска Арабија, катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин и Оман, како и Египет и Јордан.

Помпео на почетокот од состанокот одржан на маргините на годишното Генерално собрание на Обединетите нации ја споменал неопходноста да бидат поразени ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава како и терористичката мрежа Ал Каеда и другите терористички групи, како да се воспостави мир и стабилност во Сирија.

Во соопштението на Стејт департментот гарантира дека сите учесници на разговорите се согласуваат во поглед на потребата од спротиставување на „иранските закани“. Станува збор за вековниот антагонизам на сунитските арапски монархии и шиитски Иран околу влијанието на регионот. Помпео рекол и оти се надева дека ќе продолжат разговроите следните месеци за неопходноста од обединување во Советот за соработка во Заливот.

Самитот на Советот за соработка во Заливот досега неколкупати беше одложуван поради кризата во врска со Катар.

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ач-Џубеир и неговиот катарски колега шеикот Мохамед бен Андулрахман ал-Тани, седеле на иста маса со колегите, пренесува агенцијата AFP.

Тешката дипломатска криза избувна на почетокот од јуни 2017 годна, кога Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет, со поктрепа на САД, ги прекинаа врските со Катар обвинувајќи го малото но богато со нафта и земен гас кралство дека ги поддржува радикалните исламистички групи и оти му се приближува на Иран, пто официјална Доха го отфрли. Потоа следеше блокада на сите правци за Катар од споменатите земи, по што земјата се сврти кон потесна соработка со Турција која вети помош и позначајно воено присуство таму. Иако САД и Кувајт се обидуваат да посредуваат во смирување на ситуацијата, и по повеќе од една година кризата и натаму трае.

Воените челници на овие арапски земји претходно во септември ги сопреа командантот на американските сили во регионот, кој ги повика да бидат единствени против Иран.