
Ловец од најновата петта генерација „F-35B“ се урнал во американската сојузна држава Јужна Каролина, соопштиле во петокот шерифот на округот Бофор и прес-службата на американскиот Корпус на маринците.
Според соопштенијата инцидентот се случил во 11,45 часот претпладнето по локално време, 17.45 часот по македонско време, во близина Кларендон – роуд и Џо Ален Драјв во областа Грејс Хил. Во соопштението на канцеларијата на шерифот се прецизира дека пилотот успеал да се катапултира и се наоѓа под лекарски надзор.
„Станува збор за F-35B од состанов на ескадрилата за обуки во округот Бофорт“, изјавил портпаролот на службата за односи со јавноста на Маринскиот корупс на САД.
The pilot ejected safely. https://t.co/ysxS8lfBv2
— Rory Marcus ✨ (@DeargDionadair) September 28, 2018
Станува збор за прв случај на несреќа на овој тип напредни авиони. Несреќата се случи само еден ден откако Пентагон објави дека „F-35B“ ја имал својата прва борбена мисија во Авганстан, кога успешно уништил копнени цели.
2/2 Scene one hour after the #F35 crash in #Beaufort. Pilot safely ejected. Video credit @Camibaldwin3. pic.twitter.com/FvSZnWPNI3
— Sam Richardson (@SamRichardsonAM) September 28, 2018
Авионот од типот со официјален назив „ Lockheed Martin F-35 Lightning II“ припаѓа на класата едномоторни суперсонични борбени летала кој е „невидлив“ за современите радарски системи и е повеќенаменски ловец-бомбардер од петтата генерација. Тоа е проект на компанијата „Lockheed Martin“ од 2000-те години, со кој се заменуваат постарите типови авиони, во составот на воздухопловните и поморските сили на САД, како и во Маринскиот корупс. Овој тип е втор во историјата од петтата генерација по „Lockheed Martin F-22 Raptor“.
Од 2018 година различни модификации на „F-35“ се испорачани на американските сојузници, како Велика Британија, Австралија, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, а планирана е испорака и за Данска, а Израел летово веќе објави дека станал првата земја којашто го употребила овој авион во борба, без да објави детали.
Овој ловец е способен да носи и нуклеарно оружје. Според најавите, до 2024 година „F-35B“ на воздухопловните сили на САД ќе бидат опремени со модернизираните атомски бомби В-61 чијашто моќност е еквивалентна на 50 тони ТНТ.