Нетпрес дознава дека веќе се документирани првите притисоци врз одредени членови во стручните служби на Државната изборна комисија (ДИК). Лице коешто е ангажирано во кабинетот на Претседателот во текот на вчерашниот ден пријавило во полиција дека на фејсбук добило директни закани по безбедноста додека била на работа во Комисијата.
Во испратената порака стоело „ќе осетиш молив во око. лоши работи ќе се случуваат од петок до сабота. сокриј се во епрувета. главата на мајка ти може да летне далеку“.
Освен ангажманот во ДИК, оштетената е советник и во Општина Куманово. Случајот е пријавен во кумановската полиција и отворена е истрага за „Загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот закон на Република македонија.
Засега нема податоци дали заканувачот е пронајден и приведен.