Мотоциклист тешко повреден во Центар

Скопјанецо се здобил со тешки повреди возејќи мотор, вo санотоата вечерта во центарот на Скопје, кога загубил контрола над мопедот кој го управувал и паднал на коловозот.

Од полицијата информираат дека околу 20,00 часот на крстосница со улица “Димитрие Чуповски” и улица “Мито Хаџивасилев Јасмин”  управувувајќи мопед “Кимико Агилити” со скопски регистарски ознаки, 39-годишниот Н.К. изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз.

По незгодата Н.К. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.